Од средината на февруари Германија ги олесни рестриктивните мерки против Ковид-19 откако почна да се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот, но тој тренд се промени од минатата недела, јави ДПА.

Со денови бројките се зголемуваат, што се толкува како предупредување за шести бран на пандемијата и повторни повици луѓето да се вакцинираат.

Националниот институт за контрола на болести денеска регистрира рекорден број од 262.752 случаи на коронавирус за последните 24 часа.

Седумдневната инциденца на инфекција денеска значително се искачи на 1,388.5, додека бројот на смртни случаи е сè уште висок и изнесува 267 за еден ден.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах уште еднаш повика повеќе луѓе да се вакцинираат со оглед на зголемениот број на инфекции со Ковид-19.