Германската сојузна и државните влади се согласија да затворат се, од продавници до кафулиња, клубови, театри, музеи, бордели и цркви за да го забават ширењето на коронавирусот, соопшти денеска федералната Влада.

Во соопштението се вели дека отворени остануваат продавници за прехранбени производи, пазарите, банките, аптеките и услугите за испорака, додека рестораните и другите објекти за јадење ќе бидат отворени помеѓу 6 и 18 часот.

Владата соопшти дека новите мерки се насочени кон понатамошно ограничување на социјалните контакти на јавни места како одговор на епидемијата на коронавирусот во Германија.

Продавниците што остануваат отворени мора да спроведат засилени мерки за хигиена и да ги надгледуваат влезовите за да избегнат долги редици пред нив.