Англиските фудбалерки прв пат во историјата ја освоија титулата европски првак, откако во финалето на ЕУРО2022 на „Вембли“ ја совладаа по продолженија Германија со 2-1 (1-1).
Ела Тун и донесе водство на Англија во 62 минута, а финалето во продолженија го однесе Лина Магул со израмнувачкиот погодок во 79 минута.
Одлуката падна во 110 минута кога Клое Кели беше прецизна за голема радост на англиската репрезентација и 88.000 гледачи на исполнетиот стадион „Вембли“ во Лондон.
Англија ја освои својата прва титула во третото финале, додека Германија во деветтото финале го претрпе првиот пораз.
Германките важеа за фаворитки, но на загревањето пред почетокот на финалето се повреди нивната најдобра фудбалерка Александра Поп.