За време на денешната прес-конференција во Берлин, која ја одржа заедно со својот кинески колега Чин Ганг, германската министерка за надворешни работи изјави дека Кина може да одигра одлучувачка улога во завршувањето на војната во Украина, пишува „Гардијан“.
Аналена Баербок рече дека Кина како постојана членка на Советот за безбедност на ОН може да влијае на конфликтот и да го доведе до крај.
Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, вели дека Кина нема да долева масло на огнот.