Уште некаде во педесетите години од минатиот век, кога била вработена во германската агенција за одобрување начини на лекување, биохемичарката Јохана Бадвиг, во текот на своите истражувања забележала дека, без исклучок, кај канцерогоните клетки и воопшто во крвта на заболениот од канцер човек, има недостаток од некои есенцијални елементи, како фосфатиди и липопротенини. Без овие состојки, клетката на ракот се однесува диво и расте и се размножува без контрола.
Д-р Бадвиг, на ум веќе го имала истражувањето на друг германски научник од 30-тите години на минатиот век, Ото Вартбург, кој пак докажал дека на болната клетка всушност и недостига и кислород и дека во негово присуство таа не може да опстане.
Продолжувајќи со анализите, Бадвиг пронашла чудна зеленикава-жолта супстанца во крвта. Овие сознанија ја одвеле биохемичарката во натамошни истражувања, што пак довело до откритие кое во алтернативната медицина се смета за речиси неверојатно. Имено, постојат стотици алтернативи во лечењето со разни болести, вклучувајќи го и ракот и артериосклерозата, но посебно кај првото, со тоа што за ретко која од нив се смета дека не е штетна. Дополнтелно што голем број од тие алтернативи ја исклучуваат традициаоналната медицина, што е посебен проблем за голем број пациенти. Овде работите стојат барем малку поинаку.
Во секој случај, д-р Бадвиг наскоро открила дека ако го реши недостатокот од елементите што недостигаат кај болниот, во период од околу три месеци, туморот постепено ќе почне да исчезнува. И сеедно во која фаза е, под услов да има доволно време нејзиниот систем да почне да дејствува. Кога во органзимот ќе се внесат фосфатидите и липопротеините, чудната жолто-зеленикава течност во крвта посепено станувала здраво црвена, слабоста и анемијата исчезнувале, а животната енергија се враќала. Уште повеќе, Бадвиг утврдила дека се враќа во нормала и дисфукцијата на црниот дроб и дека се ублажуваат и проблемите со диајбетисот.
Во едно свое интервји во 1998 годна, Бадвиг објаснувала:
„Некои масни киселини создаваат спротивен електричен пол кон позитивно наелектризираниот протеин во јадрото на клетката. Тие се наоѓаат во мембраната на клетката и се нарекуваат липиди“. Според нејзе, недостатокот од овие масти води до пореметување во делбата на клетката, па таа уште во 1956 година објавила дека кај туморот е присутно делење на клетката без создавање делбено вретено, додека истповремено доаѓа до исчезнување на здравите клетки поради отсуството на електрично исполнетата масна киселина. Бадвиг смета дека оневозможува и користење на фотоните од сончевата енергија, складирани во хранливи состојки како на пример, семките од низа растенија. Нејзината теза била дека тоа е еден од начините на кој радиоактивното зрачење убива: ја прекинува основната функција меѓу мастите и протеините за апсорпција на кислород во клетката.
Според неа, проблемот се решава со помош на масни киселини кои се сметаат за есенцијални, а имаат најмалку 18 јаглеродни атоми во јаглеродводородниот синџир. Такви масни киселини содржи маслото од лен кое не смее да биде загревано или обработувано на начин кој ќе доведе до нарушување на синџирот. Токму тука, според Бадвиг лежи и еден од проблемите на современиот човек; неговата исхрана често е составена од материи кои за да имаат поголем рок на траење, се обработуваат на начин кој не само што ги елиминира од групата здрави продукти, туку создава од нив штетни намирници. „Во индустриското производство на масти и масла ништо се нема изменето, бидејќи тие носат милијарди долари, а на индустријата никој не и дава ништо за да воведе нешто ново. Тоа е и разбирливо. Заговорниците на хемотерапијата поставуваат поинакво прашање. Нашата хемотерапија се базира на уништување на туморот, но познато е дека таа ги уништува и здравите клетки, па и самиот пациент. Но, се што го спречува растот е фатално, зашто растот како основна фунција е дел од животниот процес. Не може да се постигне нешто добро со примена на лоши средства“, велела Бадвиг.
Таа смета дека рекламирање на маслиновото масло не е сосема во ред. Според нејзе, во тоа масло најголем удел има олеинската киселина со синџир од 18 јаглеродни аатоми, но организмоте на човекот кому му недостигаат есенцијални масни киселини не може да ја аспорбира олеинската киселина, па маслиновото масло не може да помогне. Според неа најкорисна е линолната киселина, а нејзе ја има во ленот. За да функционра како материја која може да ги елиминира болните клетки од организмот, на споменатата киселина и е потребна набиена сулфхидрилна група од протеини. Нивниот спој создава липопротеини кои можат да го спасат организмот од туморите. Тоа значи дека ленот и маслото од лен, иако и сами по себе имаат антиканцерогени својства, а можат да помогнат и во спасување на крвните садови кои станале тврди и лесно кршливи, не можат да му помогнат на пациент кој веќе заболел. За да се случи тоа, потребно е маслото од лен да се измеша со младо кравјо сирење, така што ќе се добие единствена маса. Нивниот спој ги создава потребните елементи и истовремено, овозможува преносот на тие елементи до болните клетки.
Рецептот е едноставен: 125 гр. младо кравјо сирење се мешаат со миксерче со три супени лажици ленено масло. И тоа се конзумира. Се разбира, тоа не е се. Постои цел кувар на Бадвиг за исхрана со која ќе се елиминира ракот.
Но, Бадвиг, во интервјуто додава:
„Многу е важно личноста да биде сфатена како целина на тело, душа и дух. Денес сум уверена дека на жена која во лошиот бракот стално се воздржува, а сопругот ја малтретира, не може да и се помогне со никакво ленено масло. Во човековиот организам, сите три елементи играат важна улога.“
На овој линк, можете да го симнете маслено-протеинскиот готвач на Бадвиг ТУКА