Петнаесет месеци од почетокот на руската војна против Украина, германската тајна служба БНД тврди дека нема индикации дека е можна дестабилизација на режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефот на БНД Бруно Кал наведува дека и покрај индивидуалните критики, како онаа поврзана со пребавната испорака на муниција, нема индиции дека системот во Кремљ е потресен или дека може да падне, пренесува Танјуг, повикувајќи се на агенција dpa.
Тој истакна дека, сепак, не може целосно да се исклучи падот на режимот.
„Русија сè уште е способна да води долготрајна војна, особено затоа што регрутираше нови војници и го обезбеди неопходното оружје и муниција“, рече Кал во Федералната академија за безбедносна политика (БАКС) во Берлин.
Поради сето ова, тој смета дека не станува збор за слабост на руската армија или дека нејзините активности би можеле да бидат прекинати.
Тој додава дека се уште има слаби точки и можни изненадувања во однос на можностите на вооружените сили.
Тој предупреди дека Путин би можел да успее со својата стратегија да се потпре на времето како фактор и масовноста на силите, доколку Западот доволно не ја поддржи Украина и не организира отпор.