Германската Федерална криминална служба очекува до крајот на оваа година бројот на уништени банкомати со експлозив во државата да достигне – најмалку 350 што би бил нов рекорд.

Засега не е јасно за бројот на уништени банкомати во оваа година.Единствено се знае дека е регистриран зголемен број на обид на крадци да се обидат да украдат пари од банкомати со помош на експлозив.

Во 2008 година имало 33 такви случаи од кои 14 биле неуспешни. Во 2013 година тој број бил 89, а во 2017 година имало 268 такви случаи.

Најголем дел од тие обиди се случиле во оваа година во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, каде се градовите Келн и Дизелдорф како и во северозападната провинција, Долна Саксонија.