Полицијата во Берлин соопштила дека исклучила од сообраќај автобус од Србија кој превезувал патници за герфманија и с еподготвуал за враќање назад.
Автобусот имал поминати 1,3 милиони км и според полицијата, бил во фаза на распаѓање.
Полицијата преку Твитер објавила фотографии од автобусот и од местата каде тој се распаѓа.
На фотографиите се гледа дека каросеријата на автобусот е зарѓана, дека некои места се пополенти со пена, хидрауликата е проблематична, тече масло, воланот тешко реагира во одредени ситуации, а имало проблем и со кочниците.
Автобусот бил исклучен од сообраќај, а возачот ќе треба да плати сериозна казна.