Германската полиција утрово уапси маж кој со возило удри во група луѓе и повреди најмалку четири лица во градот Ботроп.
Според полицијата нападот бил насочен кон странци.
Возачот (50) со „мерцедес“ прво се обидел да удри во група луѓе во Ботроп по полноќ, но пешаците успеале да се тргнат од патот. Потоа напаѓачот во центарот на Ботроп со возилото удрил во група луѓе, меѓу кои имало Сиријци и Авганистанци, а потоа побегнал во Есен, каде неуспеал да удри во лица кои чекале на автобуска станица.
Напаѓачот е уапсен под сомнение за обид за убиство. За време на апсењето тој зборувал против странците во Германија.
– Истражните власти претпоставуваат дека напад е мотивиран од ксенофобија. Но, постојат индиции дека осомничениот има психички нарушувања, се наведува во соопштението на полицијата.