Германското државно Обвинителство втор ден по ред спроведува претрес во просториите на Дојче банк во Франкфурт поради сомневање за перење пари.
Истрагата е насочена и против шефовите на банката.
Имено, од банката по анонимна дојава се добиени нови податоци за вмешаност на Дојче банк во отворање лажни сметки во даночни оази, што стана познато по откривањето на скандалот Панама пејперс и Офшор ликс.
Во невообичаена постапка на државни органи не и се верува на најголемата германска банка кога е во прашање борба против перење пари и финансирање тероризам, коменитраат медиумите во Германија.
Најновата акција на Обвинителството се доживува како голем удар за Дојче банк која со доаѓањето на новото раководство се надеваше за нов почеток. Вредностите на акциите на Дојче банк од вчера паднаа за 3,7 отсто од вредноста.
Претресот се случува кога во посета на банката е и потпретседателот на Американската централна банка, Рандал Кварлес кој во Германија посетува банки кои се активни во САД.