Германските научници постигнаа огромен успех во потрагата по лек за новиот коронавирусот. Имено, тие успеаја да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките. Целта на овие научници е да најдат лек со кој тешко заболените корона-пациенти ќе бидат акутно лекувани. Тие планираат лекот да се дава преку нос.
„Ова е јасен напредок што покажува дека ние сме на вистинскиот пат кон развој на лек за Ковид-19“, изјави Лука Чичин Шаин од Центарот за истражување на инфекции „Хелмхолц“ во Брауншвајг.
Според „Брауншвајг цајтунг“ Чичин-Шаин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки направени човечки антитела.
Според сознанијата тие нашле повеќе од 750 антитела кои се закачуваат на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.
Од овој момент ќе почнат да се тестират ефикасноста на овие антителата.
Целта на овие научници е да најдат лек со кој тешко заболените корона-пациенти ќе бидат акутно лекувани.
„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација“, објасни Стефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.
Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со Kовид.
Во интервју за „Вечерњи.хр“, научникот Чичин Шаин објаснува дека бараат лек кој ќе се прима преку нос, а не интравенски, оти со вакцинте може да дојде до нус појави. Научниците работат лекот да не се прима преку вакцина.