Пратениците на германскиот Бундестаг, Кристиан Петри од Социјалдемократската партија и Борис Мијатовиќ од Партијата на зелените, кои престојуваат во Косово, по денешната средба со косовскиот премиер Албин Курти изјавија дека актуелната владејачка коалиција во Германија посветува „зголемено внимание на Косово и на регионот“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според сооштението од кабинетот на Курти, гостите од Германија ја ветиле нивната „поддршка во реализацијта на заедничките објективи“ во регионот.
– Пратеникот Мијатовиќ го нагласи фактот дека во договорот на германсаката владина коалиција се нагласува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговна и дека тоа вреди за целиот регион. Пратеникот Пери изрази задоволство поради тоа што Косово е меѓу земјите кои се движат кон Европската унија, се вели во соопштението.
Германските пратеници, според кабинетот на косовскиот премиер, изразиле интерес да разговараат за актуелната ситуација и билатералните односи со соседните држави, за што „премиерот Курти нагласи дека се надева оти канцеларот (Олаф) Шолц ќе го врати кон Берлинскиот процес вниманието на актерите во Европската унија“.