Kатолички свештеник од германската бискупија Магдебург се оддал на земско искушение и неодамна прокоцкал 120.000 евра на лажна онлајн лотарија.
Свештеникот (64) сфаќајќи дека направил грешка се покајал и сам се предал на полицијата по што признал за проневерувањето пари и на магдебуршкиот бискуп Герхард Феиге.
Германските црковни власти ќе расправаат за тоа дали да му се дозволи да продолжи со досегашната работа во областа. Засега бискупот го оддалечил од служба на која бил именуван во 2010 година и му дал до знаење дека очекува враќање на парите кои и припаѓале на бискупијата.