Турист од Германија и негова руска „ескорт“ девојка се казнети секој по 200 евра бидејќи имале секс на улица во главниот град на Латвија.
Според полицијата, од инсерти од камери се гледа како вчера тие две лица „општеле“ во стариот дел од Рига. Биле уапсени откако се обиделе да и побегнат на полицијата.
Тие изјавиле дека сакале да водат љубов на „ризично јавно место“, соопшти полицијата.