Шест германски војници од составот на меѓународните сили во северен Ирак се заразени со коронавирус.
Германскиот Бундесвер објави дека војниците се сместени во посебен контејнер и се изолирани.
Според писмото во кое имала увид германската новинска агенција ДПА, војниците наскоро ќе бидат вратени во Германија.
Тестирани се и лица кои контактирале со заразени војници.