Германски возач, слепо верувајќи во неговиот ГПС, паднал во канал и морал да излезе од прозорецот на своето возило за да се спаси.
60-годишниот возач возел ноќе во дождливо време во градот Едевехт во северозападниот дел на Германија.
Неговиот ГПС систем го однел до фабрика, а потоа и во крајбрежен канал.
Кога паднал во водата, Германецот успеал да го напушти возилото преку страничниот прозорец пред автомобилот да потоне.
Возачот е хоспитализиран додека неговиот автомобил е изваден од каналот.