Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас најави дека се надева дека ќе замине за Израел на разговори утре со Израелците и Палестинците за конфликтот во Газа.

Запрашан да ги потврди извештаите на израелските медиуми за такво патување, Мас изјави во Берлин дека: – „Не можам да кажам сто отсто, бидејќи секако такво патување го координираме со оние кон кои патуваме“.

Тој додаде дека координацијата се уште не е завршена.

– Но, да, мојот план е да заминам за Израел вечерва и да разговарам во Ерусалим и Рамала, изјави Мас.

Претходно, првиот германски дипломат ја отфрли можноста за разговор со  претставници на палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа.