По речиси половина век заедничко „патување“, германската фудбалска репрезентација мора засекогаш да се симне од Мерцедес. Автомобилскиот гигант го најави крајот на партнерството со Германскиот фудбалски сојуз, а натпреварот против Холандија (2: 2) беше последниот во кој бендестимот играше со „ѕвездата” на Мерцедес. Новиот превозник на германските репрезентативци е Фолксваген, според потпишан договор до крајот на 2024 година, пишува „Денешен, мк“.
Германскиот фудбалски сојуз и Мерцедес беа тим од 1972 година, кога репрезентацијата првпат станаа европски шампиони. За време на заедничката работа, бундестимот освои три светски титули (1974, 1990 и 2014) и три европски титули (1972, 1980 и 1996). Крајот на успешното партнерство се должи на разликите за организациски, финансиски и другите прашања меѓу двете страни, пишува „Денешен.мк“.
Според соопштението, Мерцедес ќе продолжи да спонзорира во спортот во голф, јавање,мотори, планински велосипедизам и други дисциплини.