Германската служба за внатрешно разузнавање испитува можни врски меѓу десничарските партии во земјата, вклучувајќи ја и антиимиграциската партија Алтернатива за Германија (АфД) и Русија, информираат германски разузнавачки извори.
Службата за контраразузнавање БФВ завчера донела одлука да почне истрага заедно со регионалните ограноци поради стравувањата дека Русија може да се обиде да влијае на евроизборите во мај и на три регионални гласања во германските покраини во источните делови на земјата оваа година.
На состанокот во Потсдам е донесена одлука да се формира група, составена од експерти од федералната служба, источните федерални провинции и Берлин, за да можат во следните месеци да почнат истрага.
Во источните провинции Алтернатива за Германија е исклучително силна, во некои од нив дури таа е втора по влијание, пред социјалдемократите. Тоа се должи на разочарувањето на источните Германци по обединувањето на земјата. Многу од нив се уште се чувствуваат како втора класа граѓани во Федералната република