Безбедносните камери во градот Спринг во американската држава Тексас снимиле удар на гром во Американец.
Алекс Кореас си ги шетал своите три кучиња кога го удрил гром. Тој веднаш паднал на земја.
Среќа во несреќата е што сè се случи во близина на болница, а неколку членови на персоналот го виделе настанот и притрчале на помош.
Кога стигнале до човекот тој не дишел, облеката му била запалена, а чевлите и чорапите му летнале од нозете.
Тие веднапш почнале да го оживуваат и така му го спасија животот.