Сопственичката на ресторанот за здрава храна Бистро „Здраво Живо“ денес ги ослободи вработените од работните обврски за да бидат пред сообрание.
„Денес вработените од BistRaw Zdravo Zivo/ БистРо Здраво Живо ги ослободувам од работа, да се пред собрание. Џабе ми е се ако немам татковина“, напиша Маја Платнар на својот фејсбук профил.
За околу еден час пред Собранието е закажан протест против прифаќањето на францускиот предлог, и денеска под мотото Ултиматум – Не, благодарам!.