На прашање колку изнесува покачената плата на министерот за наедворешни работи Бујар Османи, во Тема на денот на Сител тој кажа дека не ја добил сеуште.
– Не сум ја добил уште, меѓутоа еве како што кажуваат коефициентите, 3,7 е коефициентот треба да се помножи со просечната плата. Меѓутоа, еве ќе ви кажам мојата плата како лекар на Клиника ми беше многу поголема отколку сите плати што ги добивам досега и како вицепремиер и како министер за надворешни работи, кажа Османи.
Покачените плати досега ги потврдија претседателот Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Се разбира, во разговорот не стана збор за оние 28 милиони евра кои ги споменуваше Заев во екот на шаремата револуција, а кои подоцна ги „заборави“ и самиот Заев.