Парковите во Париз денеска се затворени заради силни ветрови. Тоа го објави на Твитер кабинетот на градоначалникот на францускиот главен град.

„Парковите, градините и гробиштата се затворени заради неповолни временска состојба, се нагласува во соопштението.

Метео Франс објави дека заради силниот ветар воведува „портокалово“ (препоследно) ниво на тревога во 44 области во државата меѓу кои и во Париз.

Според нив, во внатрешноста на државата се очекуваат ветрови со брзина од 110 километри на час, а во областите крај Атлантикот до 130 километри на час. Тие ги известија граѓаните по можност да не патуваат.

Поради лошото време се очекува застој во работата на воздушниот, морскиот и железничкиот сообраќај како и прекини со електроснабдување и на телефонски врски.