Еден од најдобрите играчи на данската ракометна репрезентација, Матијас Гидсел, ја истакна подготвеноста на својот тим пред стартот на ЕП и првиот меч со Македонија.
„Добро сме подготвени. Знаеме дека ваквите репрезентации секогаш го прават натпреварот многу тежок. Тие играат исклучително физички. Нашата цел е да го задржиме високиот интензитет, да играме побрз ракомет и да не влегуваме премногу во физички дуели со нив. За повеќето од нас, најважно е во петок да ја почувствуваме арената, подлогата и атмосферата, да ја тргнеме почетната нервоза и потоа целосно да се фокусираме на остатокот од турнирот“, заклучи Гидсел.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 16 јануари од 20:45 часот.




