Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ соопшти дека во следните три години има намера да заштеди вкупно милијарда евра со укинување на работни места во автомобилскиот оддел.
Работните места ќе се укинуваат во Управата, додека вложувањата ќе бидат ограничени, а на подолг рок и намалени за да се ублажи негативното влијание на построгите прописи за емисија на штетни гасови.
-Со јасна стратегија за иднината ја подготвуваме компанијата за темелни реформи, изјави извршниот директор Ола Калениус.
„Товарот на трошоците, што ги носат остварувањата на зацртаното ниво на штетни испуштени гасови, бара опсежни мерки за подобрување на ефикасноста во сите делови на нашата компанија. Понатаму, вклучува и рационалзиација на нашите процеси и структура“, изјави извршниот директор Ола Калениус.
Во Управата на компанијата не наведуваат колку работни места ќе бидат укинати, но најавуваат блиска соработка со претставниците на работниците.
Кон крајот на минатата недела првиот човек на работничкиот совет Михаел Брехт изјави дека во Управата би можеле да бидат укинати 1.100 работни места.