Руска гимнастичарка не успеала до крај да ја изведе својата точка на познатиот циркуски фестивал во градот Новокузњецк.

Како дел од фестивалот , се организира и натпревар во акробатика. На натпреварот настапи и гимнастичарка од Краснојарск , која имаше точка со траки . Во еден момент девојката изгуби рамнотежа и падна од височина од четири и пол метри.

Во салата немало заштитна мрежа , така што на ужас на публиката , гимнастичарката удри во подот. Веднаш е однесена во болница , каде биле констатирани само полесни повреди.

Таа го скршила рамото , но за среча нема повреди на рбетот и на главата , па подовна била пуштена на домашно лекување.