Лидерот на Партија на слободата и правдата (ССП), Драган Ѓилас синоќа изјави дека очекува во 2023 година во Србија да има избори на сите нивоа.
Тој додаде дека прашањето не е дали опозицијата ќе учествува на изборите туку дали ќе биде обединета или не.
– Од суштинско значење е да нема меѓусебни напади во опозицијата и да се договориме за некои работи што можеме да ги направиме, истакна Ѓилас.