Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит за освојување на турнирот Ју-Ес опен според коефициентот на британската букмејкерска компанија „Вилијам Хил“.
Коефициентот дека Ѓоковиќ третпат во кариерата ќе слави во Њујорк изнесува 3,75, а на второто место со коефициент 4,5 е швајцарскиот тенисер Роже Федерер, кој последен пат го има освоено овој турнир во 2008 година.
На третата позиција е трикратниот освојувач и бранителот на титулата, шпанскиот тенисер Рафаел Надал, со коефициент 5,5.
На четвртата позиција со коефициент 10 е германскиот тенисер Александар Зверев, кој иако нема освоено титула на гренд слем турнир според букмејкерите има шанси за добар резултат, а ист коефициент доби и британскиот тенисер Енди Мареј, кој се враќа на натпреварите по тешка повреда и операција на колкот.
Отвореното тениско првенство на САД ќе почне на 27 август.