Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).

Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал.

Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, во неделата го победи најмладиот финалист – Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје.