Србинот Новак Ѓоковиќ, кој е на пат да се врати на врвот на АТП листата, откри дека за негова најголема победа во кариерата го смета триумфот над Рафаел Надал во финалето на „Вимблдон“ во 2011 година.
– Најголемата победа е „Вимблдон 2011“ – го победив Надал, ја освоив титулата и станав број еден, изјави 31-годишниот Ѓоковиќ, додавајќи дека освојувањето на „Дејвис купот“ во 2010 година, исто така бил многу важен момент и многу „специјална“ титула во неговата кариера.