Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е прв финалист на егзибицискиот турнир во Абу Даби, откако   го совада Новак Ѓоковиќ со 3:6, 7:6, 6:4.

Ѓоковиќ одлично почна, но потоа победникот од завршниот Мастерс во Лондон заигра многу подобро и направи голема предност што не ја задржа, па се играше тај-брејк. Во првиот гејм сервис на Новак, Циципас направи брејк и тоа му беше доволно за триумф, бидејќи сервираше добро.

Во второто полуфинале, играат Рафаел Надал и Карен Хачанов.

Овој турнир е една од последните проверки на формата за топ тенисерите пред настапот на првиот гренд-слем во 2020 година, Отвореното првенство на Австралија, кое истотака се игра на тврда подлога.