Македонските фудбалери го воодушевија и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој им испрати специјална порака по триумфот над Италија (0-1) на бараж мечот во Палермо. Со посредство на менаџерот Никола Томиќ, кој е добар пријател на српскиот тенисер, тој им упати зборови на поддршка.
„Честитки, браво Македонија! Херои! Секоја ви чест, гледав, навивав. Одиме момци, уште еден чекор, па на Светско! Се најдобро ви посакувам!“, вели Ѓоковиќ во пораката упатена за македонските херои.