Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се рехабилитира на југот на Србија, собирајќи компири на нива.
Популарниот Ноле објави фотографии на кои се гледа како на една нива во селото Брзеќе во кое минал дел од детството, помогна во акција на собирање на компири.
„Срцето ми е полно што оживеам спомени од детството. Се сретнав со многу луѓе кои беа дел од моето детство, и кои ми помогнаа да го остварам сонот да бидам професионален тенисер. Полн сум со емоции. Добив и по некој компир за трудот“ – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.