Mакедонија имаше два пристапа во преговорите кон ЕУ и НАТО, вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.
– Едниот принцип беше на попуштање, започна 1993-та година и заврши во 2017-та и 2018-та година со потпишувањето на договорите со Бугарија и во Нивици, а подоцна и со француската преговарачка рамка. Тоа е принцип на максимално попуштање, без да се согледаат последиците од таквото попуштање. И, контра се овие 18 месеци на водење на македонската влада од премиерот Христијан Мицкоски која што јасно покажува дека принципот на сувереност, принципот на истрајност во укажувањето на тоа што Македонија го дала во тој процес на чекорење кон ЕУ и преку процесот на Стабилизација и асоцијација во кој сме во втора фаза, дел од работите кои ги споменува премиерот се дел токму од таа фаза и во делот на извештаите и препораките кои што од Европската Комисија Македонија ги добила 17 пати дека е подготвена целосно да почне преговори со ЕУ, истакна Ѓорчев.
Тој во интервјуто со Љупчо Цветановски на ТВ Алфа додаваа:
– Тоа во моментот го истакнува нашата влада, тоа го истакнува нашата дипломатија, тоа го истакнуваат нашите највисоки челници, премиерот и претседателот. Укажуваат на тоа, а од страна на опозицијата велат дека ние сме се претставувале како жртви?! Не, ние ги кажуваме реалните чекори во кои македонскиот реален вредносен систем се усогласувал 25 години со европскиот и буквално е целосно усогласен. Тука се работи за вредности. Уште во 91-та година Бадентер укажа дека имаме усогласен Устав, кој можеше да биде прогласен за кој било устав на која било европска земја, посочува Ѓорчев.
За нивото кое го достигна македонската демократија многу говори и затворањето на пост-мониторингот на Советот на Европа, потенцира Ѓорчев, уште еден факт кој укажува на подготвеноста на државата да биде дел од европпското семејство.




