Последните тензии меѓу Скопје и Софија не влијаат врз работата на мешовитата историска комисија, атмосферата меѓу историчарите е нормална и се работи со истиот интензитет како и досега, вели за Канал 5 копретседателот Драги Ѓоргиев.
Од предвидените шест редовни средби за годинава, досега се одржани три, во февруари, март и крајот на мај, по потреба се одржуваат онлајн состаноци, а следниот тет-а-тет состанок очекува да се одржи во Скопје во втората половина на септември, информира Ѓоргиев за Канал 5. Но, и покрај редовните средби тој вели дека комисијата веќе подолг период нема напредок.
„Атмосферата е нормална работиме како и до сега што сме работеле, досега се одржале 31 средба последната беше во Софија, се работи со ист однос и интензитет, дискутираме и политичките случувања немаат влијание врз работата на комисијата. Дискусиите се водат исклучиво за учебниците за шести клас бугарски учебници и седмо одделение македонски учебници, но немаме донесно никакви препораки има приближување на некои идеи, но конечни порепораки немаме донесено до сега и породлжуваме и во следната средба во септември би продолжила со работа со историските учебници и тоа се уште сме во перидот на средниот век,“вели копретседателот Драги Ѓоргиев.
По неодамнешните најави на премиерот Христијан Мицкоски дека планира промени во комисијата, без да посочи какви, Ѓоргиев вели дека се уште немале никаков контакт со новата Влада, но дека очекува да се сретнат.
„Не сме имале досега средба, ниту со министерот, ниту со премиерот, ние сме спремни да се сретнемее да поднесеме избвештај за досегашната работа на комисијата и се надевам дека во блиска иднина ќе се оствари таа средба,“- истакна копретседателот Драги Ѓоргиев.
Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања последен пат усвои препораки пред цели две години, кои се однесуваа на учебниците по историја за 6-то во Македонија и 5-то одделение во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум и Цар Самоил.