Ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори, го кратиме и бројот на членови, објави на својата објава на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.

Затоа, на денешната седница на Советот на град Скопје, која продолжува и во вечерните часови, донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број.
Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале.

Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало.
Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа.

Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница.

Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари.

Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори.

Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на седум.

Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје.

Времето на „како досега“, завршува.

Почнуваме нова практика, со транспарентно, ефикасно и домаќинско управување, какво што скопјани одамна заслужуваат, пишува во својата објава Ѓорѓиевски.