Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на владејачката партија, Орце Ѓорѓиевски денес е во посета на општина Ѓорче Петров.
Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот и кандидат за градоначалник на општина Ѓотче петров Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојаноски извтшија увид на градежните работи кои се во полн ек и носат големи придобивки за жителите на овој дел од градот.
-Улицата „Социјалистичка зора“ се пробива кон „Сремски фронт“, нова, модерна сообраќајна артерија што ќе ги поврзе урбаните заедници Мирче Ацев и Дексион. Се добива нов коловоз, уредени пешачки патеки, атмосферска канализација и современо улично осветлување.
Во Хром, пак, се гради нов спортски комплекс, простор што ќе обединува и мотивира. Жителите ќе добијат нов фудбалски терен, две кошаркарски игралишта, фитнес зона и детско катче, место каде ќе растат здрави, среќни и активни генерации.
Ова се проекти кои за првпат во историјата на Ѓорче Петров носат вистински развој и подобар квалитет на живот“, објави Ѓорѓиевски.
Александар и неговиот тим јасно покажуваат дека кога има волја, визија и посветеност – сè е можно! Како иден градоначалник на град Скопје, ќе бидам силна поддршка за Ѓорче Петров и за сите скопски општини. Ќе го развиваме градот рамномерно, со почит кон секој човек и секоја населба, потенцира тој.
Скопје заслужува достоинствен живот и заедно ќе го обезбедиме тоа, заклучи Ѓорѓиевски.