Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, денес остварија средба со еден иклучителен карпошанец, Влатко Стефановски.
-Како човек кој со својата уметност ја прослави татковината ширум светот, тој е еден од најеминентните што може да зборува за културата, за духот на градот и за визијата како Скопје да стане вистинска европска метропола, напиша Ѓорѓиевски по средбата.
Лукровски посочи дека од него слушнал многу убави предлози во сферите на културата и музиката и изрази надеж дека ќе биде дел од нивниот тим.
-Денес имав особена чест да поразговарам со еден исклучителен карпошанец, Влатко Стефановски. Музичка величина, од светски ранг. Заедно со мојот пријател и иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме со Влатко на скопски културни и музички теми. Слушнавме мноштво убави предлози и се надеваме дека ќе биде дел од нашиот тим кој ќе рашири љубов низ цело Скопје, низ нашиот Карпош. Се присетивме и на легендарното „Клубче” во Тафталиџе, на сите музички легенди кои баш таму ги направија своите први музички чекори. Во наше Тафталиџе, во нашиот Карпош. Си ветивме дека заедно ќе го вратиме сјајот на Скопје, а со тоа и на Карпош. Така и ќе биде, напиша Лукровски во објавата.