Орце ЃОРЃИЕВСКИ

Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство.

Одржавме конструктивна, координативна средба со советничкото мнозинство во Град Скопје, предводено од носителот Даме Димитровски.

Најнапред, сакам искрено да им се заблагодарам на сите граѓани за големата поддршка што ја дадоа за мене и за советничката листа за Град Скопје.

Вашата доверба е поттик и обврска да работиме уште посилно и поодговорно.

На средбата разговаравме за првите наши чекори по преземањето на функцијата градоначалник, како и за најгорливите прашања што ќе бидат наш сериозен фокус до крајот на годината.

Првиот ребаланс на буџетот ќе биде насочен кон враќање на функционалноста на градот, кон капитални инвестиции, подобра инфраструктура, чиста животна средина и поддршка на јавните претпријатија кои се во сериозен колапс.

На Скопје и на неговите граѓани им е потребна стабилност и систематско решение на наталожените проблеми, план, одговорност и работа.

Советот ќе биде двигател на промените, насочен кон интересот на граѓаните.

Ние сме силен синџир и секоја алка е важна, активна во мисијата за подобро Скопје.

Вратата за соработка со сите советници останува отворена, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува само со обединета енергија и искрена посветеност.

Мнозинството ќе биде водено од принципи, работа и одговорност.

Секој советник ќе има свое место и улога во напредокот на градот.

Убеден дека во наредните четири години, со заеднички ангажман, визија и труд, ќе го направиме Скопје повторно достоинствен град на кој сите ќе се гордееме.

Со среќа на сите советници!

Ова се сериозни, посветени и докажани луѓе во својата професија и верувам во искрена и плодна соработка која ќе донесе резултати за сите скопјани.

Ве повикувам за уште поголема поддршка во вториот круг и да се фатиме за работа уште од првиот ден за Скопје да почне конечно да функционира.

https://www.facebook.com/share/p/1ABJpyvX3b/?mibextid=wwXIfr