Орце ЃОРЃИЕВСКИ, градоначалник на Кисела Вода

Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео!
На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам.
Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе.
Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки.
Народот е оставен сам на себе.
Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега.
Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави.
Не Бажо, нема да се туркаш на раце.
Скутерот ќе остане за тебе а ќе го станеме и Лео на нозе.
Сплотени!
Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат.
Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави!
Бог да е со нас!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=7787015401327460&id=100000572311173&mibextid=WC7FNe