Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во главниот град.

-Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред поддржувачите.

Според официјалните резултати на ДИК од досега пребројаните 98,69% Орце Ѓорѓиевски освои 94.241 гласови наспротио неговиот кандидат од Левица Амр Мециновиќ со 60.032 гласови.

Printscreen