Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните места да помогнеме на нашите соседи, објави Орце Ѓорѓиевски, Градоначалник на oпштина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС.
-Механизацијата е на терен и нема опасност по населението, силно се работи на враќање на реката во своето корито. Со колегата градоначалник на Студеничани Азем Садику сме на терен и будно ќе ја следиме ситуацијата да биде под контрола, во текот на целата ноќ, потенцира тој.
„Спремни сме со сите расположливи сили да помогнеме.
Во постојана комуникација сме и со колегата Дејан Митевски од Аеродром, така што и тој е подготвен да помогне во случај да тоа е потребно.
Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме заеднички да делуваме да нема големи последици, објави Ѓорѓиевски.