Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначаник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари конструктивна средба со приватните превозници од јавниот транспорт во Скопје.

-Разговаравме за сите предизвици со кои се соочува јавниот превоз, но уште поважно — зборувавме за решенијата. Градскиот транспорт ќе стане модерен, функционален и достапен за сите граѓани. ЈСП и приватните превозници мора да дејствуваат синхронизирано и координирано, истакна Ѓорѓиевски.

И додаде дека само така можеме да создадеме јавен превоз кој навистина ќе одговара на потребите на скопјани.

Ќе преземеме конкретни чекори за надминување на тековните проблеми и ќе ги вклучиме и позитивните регионални искуства — со оптимизирање на линиите, подобрување на возниот ред и обезбедување сигурен и ефикасен транспорт за сите, додаде во објавата.

За Скопје што се движи напред — за граѓаните, за секојдневието, за иднината!