Последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС во актуелниот состав, пред претстојните локални избори се одржа денеска, а на неа обраќање имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој направи осврт на сработеното во изминатиот период и упати благодарност до сите делегати за досегашната соработка, информираат од Општина Кисела Вода.
Во своето излагање, посочил дека изминатата година беше особено продуктивна. Како клучни постигнувања ги истакна потпишувањето на новиот Меморандум за соработка со Владата, добиената финансиска поддршка преку унгарскиот кредит за инфраструктурни проекти, како и засиленото партнерство со повеќе министерства, особено во делот на финансирање на општините и противпожарната заштита.
ЗЕЛС, како што истакнал, продолжува активно да работи на своите три стратешки цели – лобирање пред централната власт, јакнење на капацитетите на општинската администрација и поддршка за дигитализацијата на општинските услуги. Било најавено и дека е во тек изработка на нова петгодишна стратегија за периодот 2026–2030 година.
Меѓу значајните законски измени што се во собраниска процедура, била посочена и иницијативата на ЗЕЛС за можност за отповикување на градоначалникот, како и институционализацијата на форумите во заедницата како алатка за поголемо учество на граѓаните во донесувањето одлуки.
– Почитувани делегати, локалните избори се пред нас и денес можеби е и последната средба во овој состав на делегати на Генералното собрание на ЗЕЛС. Им честитам на оние што се веќе ставени на листите за изборната трка за градоначалници или советници и очекувам да спроведеме фер и демократски избори. Во таа насока, како претседател на ЗЕЛС ви се заблагодарувам на сите за поддршката што ми ја дадовте во изминатиот период. Се трудев да ја оправдам довербата и мислам дека успеав во тоа. Особено им се заблагодарувам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС кои со своите конструктивни дебати и посветеност во работата на ова тело придонесоа за иницирање на низа предлози за разрешување на одредени предизвици и за развој на локалната власт, рекол претседателот на ЗЕЛС.
Според него, активностите на ЗЕЛС, како и во претходните години, се реализирале во согласност со трите стратегиските цели: лобирање пред централната власт; јакнење на капацитетите на општинската администрација и поддршка на општините за непречено спроведување на електронските услуги.
-Актуелната Стратегија на ЗЕЛС истекува оваа година и веќе започнавме со подготвување на нова Стратегија за периодот 2026-2030 година. Формиравме работно тело, кое наскоро ќе се состане и ќе ги разгледа одговорите од прашалникот што беше доставен до вас и мислам дека скоро ќе ја имаме и првичната предлог верзија.Работевме многу, работевме посветено и чесно. Почитувани колеги, сакам да ви се обратам не само како претседател на ЗЕЛС, туку како ваш колега, сограѓанин и човек што добро jа разбира тежината на оваа функција. Не заборавајте – таму каде што сте, вие сте заради довербата на граѓаните! Таа доверба е најскапиот капитал што го имаме и најголемиот долг што треба да го вратиме. Секое ветување што сте го дале, е обврска што чека исполнуванье. Ако нешто не сте успеале да реализирате, сѐ уште имате време – потрудете се, не го оставајте недовршено.Бидете пример – за вашите вработени, за вашата заедница, за вашето семејство. Ние сме лицето на локалната власт, а таа мора да биде достоинствена, транспарентна и одговорна, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
Пред нас се локалните избори, рекол, и апелирал да бидат фер, демократски и достоинствени.
-Да покажеме дека зрелоста на едно општество се мери и со начинот на кои ги спроведува изборите. Нека бидат празник на демократијата, а не арена на поделби. Вие сте тие што jа градите иднината на вашите општини – градете ja со визија, со срце и со чесност. Се надевам дека многумина од вас ќе ја продолжат оваа мисија и понатаму, но без разлика на исходот, останете доследни на вредностите по кои треба да се води секој градоначалник – посветеност, одговорност и лубов кон луѓето, рекол Ѓорѓиевски.