Нека е за многу години, порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
-На овој голем ден, посветен на Светиот Великомаченик Димитриј, со особена духовна радост започна изградбата на нов Божји храм во Потстаница, кој ќе го носи името на светиот заштитник. Скопје и Македонија се благословени со бројни цркви и манастири кои ја чуваат верата и традицијата на нашиот народ, истакна тој,
Ѓорѓиевски порача дека овој храм ќе биде уште едно свето место каде верниците ќе се собираат на молитва, со љубов кон Бога и заедништво.




