Ѓорѓиевски со нов проект за младите, Скопје сити гоу, паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Скопје ќе бидат достапни на едно место.
Нов проект за млади – Скопје сити гоу картичка!
Денес, во присуство на голем број млади луѓе го презентиравме новиот проект од мојата програма за град Скопје, наменет токму за нив, изјави Орце Ѓорѓиевски.
Скопје има огромен потенцијал да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани.
Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам е Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место.
Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка:
Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички.
За младите ова значи повеќе мобилност и слобода.
Паркинг без пораки, автомати и губење време. Брзо и практично решение преку самата картичка.
Културни и забавни содржини – музеите, кината, театрите, жичарата и зоолошката градина ќе бидат достапни преку едно средство.
Повеќе можности за младите, за семејствата, за сите граѓани!
Она што ми е најважно, Скопје сити гоу ќе биде симбол и на социјална еднаквост.
Средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно.
За нив, услугите ќе бидат бесплатни или со драстично намалени цени.
Никој нема да биде изоставен!
Картичката ќе има вредност и надвор од јавниот сектор, општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности.
Така младите ќе добиваат повеќе можности, семејствата ќе заштедат, а компаниите ќе придонесат за подобра заедница.
Скопје сити гоу ќе биде достапна и како мобилна апликација, но и како физичка картичка за оние кои ја преферираат класичната форма.
Секој, без разлика на возраста и технолошките навики, ќе може лесно да ја користи.
Ова е визија за поинакво Скопје, град кој им штеди време и пари на своите жители, кој се грижи за младите и за ранливите категории, и кој ја користи технологијата за да им служи на луѓето.
Со Скопје сити гоу започнуваме ново поглавје – модерно, дигитално и европско Скопје, истакна Ѓорѓиевски.