Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат во недела, а од понеделник ќе се впушти во средување на проблемите во градот.
“Во Скопје доаѓа времето кога треба да запреме со експериментите и ова што го гледавме изминатите 4 години, на Скопје му треба работа, му треба одговорност и домаќинско функционирање на градот нешто што недостасува цел изминат период. Јас сум спремен со цел свој кредибилитет, цело мое знаење но и цел мој тим да дадеме се од себе да изградиме град со којшто ќе се гордееме. Повикувам на масовна излезеност во недела, а од понеделник да ги засукаме ракавите и да ги средиме состојбите во градот”, повика Ѓорѓиевски.




