Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и денеска на терен со својот тим.
Ѓорѓиевски вршеше увид на неколку клучни локации, за кои вели дека ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот во град Скопје.
– Довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток; кружен тек на улица „Бутелска“, нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел; летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот; изградба на прва фаза на булевар ,,Хрватска”. Со силно темпо и динамика, како никогаш досега ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија. Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив, вели Ѓорѓиевски.
Најавува дека ќе бидат изградени и нови парковски содржини и зеленило, за чист и убав град.
– Културата на едно високо ниво, токму онака како што доликува на една европска метропола. Следуваат уште многу други проекти кои ќе бидат промовирани, а ќе бидат за доброто на нашиот народ. Ќе понудиме решенија за Скопје кое ќе функционира, а не празна реторика. Скопје добива нов лик, наскоро. Скопје станува град каков што скопјани навистина заслужуваат, дециден е Ѓорѓиевски.