Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначаник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претседателот на синдикатот на такси возачите.

-Внимателно ги слушнав нивните барања за подобрување и унапредување на такси превозот и морам да кажам дека од средбата произлегоа навистина конструктивни, реални и применливи предлози, а голем дел од нив ќе бидат имплементирани, објави Ѓорѓиевски.

Како едни од клучните барања беа уредени, брендирани и унифицирани такси стојалишта, справување со дивите таксисти и фер услови за работа.

Сметам дека ова се чекори кон воспоставување на ред и професионалност во такси превозот. Ова се вредни луѓе кои секојдневно се на улиците и го движат Скопје. По победата на локалните избори во Град Скопје, ние ќе бидеме вистински партнер во решавањето на овие прашања. Такси возачите во мене имаат сојузник, потенцира во објавата Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека заедно ќе го направиме Скопје поорганизирано, посигурно и покоректно за сите.