Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека вчеравечер на улиците низ црногорските градови се забележани „изливи на нетолеранција, агресија и примитивизам“.
-Инцидентите не изненадија никого, славењето уште помалку. Секогаш има причини да се слави победникот, но тоа славење секогаш подразбира цивилизиран однос кон другите граѓани и кон зачувување на стабилноста на Црна Гора. Синоќа видовме излив на нетолеранција, агресија и примитивизам. Обиди да се справиме со луѓе кои размислуваат поинаку, рече Ѓукановиќ во интервју за „ Њузмакс Адриа“, пренесе РТЦГ.
Во интервјуто тој појасни дека, не само во Црна Гора, туку и во регионот, постојат две спротивставени ставови за иднината.
-Едниот е оној што го персонифицира сегашниот состав на владата во Црна Гора, која нашите земји ги гледа во Европската унија и во европскиот и евро-атлантскиот систем на вредности. На другата страна имаме многу жив национализам од 90-тите години на минатиот век, кој се разбуди во нови околности, со некои нови стимулации и кој очекува да го сврти тркалото на историјата наназад, но мислам дека нема да може , рече Ѓукановиќ.
Околу шансите за формирање нова влада Ѓукановиќ верува дека резултатот многу брзо ќе се види.
-Ние сакаме да добиеме понуда за формирање влада од оние кои ќе имаат 41 место во парламентот. Не сакам да шпекулирам сега, рече тој.
На прашањето дали партиите што ќе имаат 41 место во парламентот се трите опозициски партии, тој појасни: „Ќе видиме. Засега, имаме таква најава. Нивните програми се многу далечни”.
На прашањето „дали ќе се обиде да влијае“, Ѓукановиќ одговори дека нема.
-Не. Зошто јас. Ако има нешто што ги зближува, тоа е желбата да се смени ДПС. Каде ќе бидам јас, јас сум таму каде што сум, многу цврсто убеден во исправноста на моите политички ставови , рече црногорскиот претседател.